Скопјанец на 64 години пријавил дека бил измамен за вкупно 1.300 евра, пари што ги дал верувајќи дека ќе му „средат“ социјална помош за него и за неговата сопруга.
Мажот во 2022 година му доверил 300 евра на Ф.А. од Скопје, откако овој му ветил дека ќе му помогне да добие социјална помош. По неколку месеци пристигнало решение, барањето му е одбиено.
Наместо тука да заврши, измамата продолжила. По една година, истата личност повторно побарала пари, овојпат 1.000 евра, со објаснување дека ќе „среди“ социјална помош за сопругата на пријавителот. Парите ги дал на жена која Ф.А. ја испратил.
Оттогаш, мажот повеќе не можел да стапи во контакт со Ф.А. и сфатил дека станува збор за класична измама.
Полицијата работи на идентификација и расчистување на случајот.



























