Background

Скијачката федерација на Македонија го најави 41-от Шарпланински куп во алпско скијање на Попова Шапка. По пауза од 12 години, манифестацијата ќе се одржи наредната недела во среда и четврток 26 и 27 февруари

Скијачката федерација на Македонија го најави 41-от Шарпланински куп во алпско скијање на Попова Шапка. По пауза од 12 години, манифестацијата ќе се одржи наредната недела во среда и четврток 26 и 27 февруари.
„Со голема возбуда и гордост најавуваме дека Попова Шапка повторно ќе биде домаќин на најстариот меѓународен скијачки натпревар на Балканот. Овој престижен натпревар својата приказна ја започна во далечната 1947 година, а од 1954 официјално стана дел од календарот на Меѓународната скијачка федерација (FIS). Шарпланинскиот куп е синоним за храброст, брзина и прецизност, носејќи ја магијата на алпското скијање во Македонија. На овогодинешното издание, кое се одржува на 26 и 27 февруари, ќе учествуваат натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Косово и Кипар. Снежните падини на Попова Шапка ќе бидат центар на возбудливи натпревари, еуфорија и неочекувани пресврти – токму она што го прави алпското скијање спорт на вистинските шампиони“, соопштуваат од Скијачката федерација на Македонија.

Федерацијата има поддршка од Меѓународната скијачка федерација (FIS), Министерството за спорт и ски-центарот Попова Шапка, како и компании за одржување на манифестација.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation