Скандалот со тендерот е најголема криза во Брисел по 1999 година

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ректорката на Колеџот Европа, Федерика Могерини, и високиот европски дипломат Стефано Санино, се ослободени по сослушувањето во белгиската федерална полиција. Обвинителството оценило дека „нема ризик од бегство“, јави Европското јавно обвинителство.

Могерини, поранешна шефица на дипломатијата на ЕУ, е под истрага за наводни неправилности во тендерите за основање на Дипломатската академија на Унијата. Истрагата ја вклучува и за сомнежи за судир на интереси и корупција во постапките од 2021 и 2022 година.

Случајот добива политичка тежина. Според „Политико“, скандалот се заканува да прерасне во најголема институционална криза во Брисел од оставката на Комисијата на Жак Сантер во 1999 година.

Според повеќе европски медиуми, сомнителниот тендер што ја покрена истрагата се однесува на проект вреден над 3,8 милиони евра поврзан со основањето на Европската дипломатска академија. За тендерот за финансирање на академијата, односно за програма за обука за помлади дипломати, биле доделени  околу 654.000 евра.

Тековната истрага се фокусира на тоа дали универзитетот или неговите претставници однапред знаеле за критериумите за избор или знаеле дека ќе им биде доделен проектот пред да биде објавен огласот за тендер.

Колеџот на Европа објави дека целосно ќе соработува со властите. EPPO во вчера изјави дека „постојат силни сомневања“ дека се прекршени финансиските правила и дека се протечени доверливи информации.

Белгиската полиција изврши претреси во дипломатската служба на Европската унија во Брисел и во елитен универзитет во Бриж. Беа претресени и домовите на осомничените.

Синдикатите на ЕУ предупредуваат дека доколку се потврдат обвинувањата, „штетата по угледот на Унијата ќе биде катастрофална“. Скандалот сериозно влијае врз угледот на шефицата на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен во чиј кабинет бил вработен Санино, кој претходно беше генерален секретар на  Службата за надворешни работи на унијата, ЕЕАС.

Порано оваа година, Санино се откажа од функцијата за да заземе истакната позиција во кабинетот на Фон дер Лајен.

- Advertisement -
Ad image

Фон дер Лајен сега мора да најде начин да избегне да биде вовлечена во скандал што датира од нејзините први години на функцијата, објавија западните медиуми.

Истовремено, Фон дер Лајен се соочува со нови обвинувања за недоволна транспарентност. Критичарите во Европскиот парламент побараа „четврто гласање за недоверба“, предупредувајќи дека довербата во институциите е на најниско ниво.

– Кредибилитетот на нашите институции е во прашање – изјави Манон Обри, ко-претседателка на групата Левица во Европскиот парламент.

- Advertisement -
Ad image

Сагата изгледа дополнително ќе ги затегне веќе затегнатите односи меѓу Фон дер Лајен и сегашната шефица на ЕЕАС, високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, изјавија четворица функционери на ЕУ за „Политико“.

Share This Article