Битола – Пред околу еден месец, криминалистичка акција на Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола добила неочекуван пресврт кога наместо високо позиционирано лице од опозицијата СДСМ, во мрежата на законот паднал општински функционер од владејачката структура.
Според информации до кои дојдовме, службениците од СВР Битола дејствувале врз основа на дојава дека ќе се појави опозициски политичар со опојни дроги. Меѓутоа, граѓанинот-информатор наводно намерно ја “прилагодил” информацијата, што резултирало со фаќање на општинскиот функционер во посед на кокаин.
Она што предизвикува сериозни прашања е фактот што овој случај не се појавил во официјалниот Билтен на настани на СВР Битола, ниту пак обвинетиот се нашол пред судија во претходна постапка. Ваквиот третман на случајот укажува на селективна примена на законот, особено кога се работи за лица кои “секојдневно ја кројат судбината на граѓаните”.
Додека МВР редовно се пофали со успесите во борбата против трговијата со наркотици, овој случај ја истакнува потребата од почистување на сопствените редови. Според наши извори, регионалните нарко-картели во Македонија традиционално се водени од високо рангирани полицајци, парадоксално токму од оделите задолжени за сузбивање на наркотиците.
Информациите укажуваат на јасна територијална поделба на влијанието: поголемиот дел од прекуграничниот увоз и контролата на граничните градови се под контрола на еден дел од мрежата, додека транспортот меѓу другите градови го контролира друга фракција. Ваквата поделба обезбедува “и волкот да биде сит и овците да бидат на број”.
Кога се појавуваат независни групи – “самострелци” од други градови кои се обидуваат да влезат на локалниот пазар, истите помпезно се елиминираат од страна на контролирачките структури. Така, на секои четири години се создава илузија на борба против новите кланови, додека основната мрежа останува нечепната.
Случајот со битолскиот функционер ја истакнува потребата министерот Тошковски да побара детална ревизија на потеклото на имотот на сите разрешени началници, како и поширока проверка на интегритетот во полициските редови.
Овој инцидент е само врвот од ледениот брег на системската корупција која ја пробива борбата против наркотиците во земјата. Граѓаните имаат право да очекуваат еднаква правда за сите, без оглед на политичката припадност или позицијата во државната хиерархија.
За овој текст се користени информации од извори блиску до случувањата, кои поради безбедносни причини сакаат да останат анонимни.
С.Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖