Background

Скандал, портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Прес конференција, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор на СДСМ

- Advertisement -
Ad image

Скандал, портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Почитувани претставници на медиумите, ви благодарам за присуството.

Денеска сакаме да отвориме една многу битна тема. Вчера се случи нешто што досега не е видено во Македонија, тоа е да претставник на владата и тоа портпарол со скандалозно признание фактички потврди она што СДСМ цело време го кажува тоа дека судската власт во нашата држава е директно под контрола на извршната власт.

Вчера имавме доказ пред граѓаните јавно на една дебата на реновирана телевизиска куќа дека Мицковски го контролира судството.

Портпаролката на владата има податоци за мојот процес против МНР, процес којшто сеуште не е завршен. Она имаше податоци за тоа каква е пресудата. Значи јас пресудата не ја дознав од адвокатите, не ја дознав од судот, туку ја дознав од владата на нашата држава којашто ги има податоците не само за предметот, туку каков е и текот на самиот процес.

Ова се зборовите. Само немојте како изгубената жалба против претседателката Силјановска, односно моите информации, ја цитирам портпаролката, говорат декави е изгубена жалбата.
 
Тоа значи дека владата на Мицковски има информации од судот за самиот процес. Ова всушност значи дека процесиците во судството, особено против владата, против органите, против министерствата, пресудите се донесени пред да биде воопшто разен самиот предмет. Ова е еден голем скандал ќе потенцирам.

И ние нема да застанеме тука, ќе го отвараме до крај, затоа што очекуваме понатамошна истрага за тоа кој судија или кој од владата ги има овие информации. Даваме нонстоп примери за тоа што се случува со судството.

Ова вчера беше само една потврда за тоа што СДСМ го зборува цело време, но да повториме. Го сменија јавниот обвинител под притисок. Сопруга на градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ е назначен за член на Судскиот совет. А вчера и завчера имавме можност да видиме дека и советникот на премиерот Мицкоски за правни работи станува сега и член на Уставниот суд.

Треба ли уште докази за тоа што СДСМ го тврди цело време? Се разбира, Мицковски од собраниската служба им кажува што да прават, како да прават и на крај какви да бидат пресудите.

Зошто служи сето ова? Зошто ја држиме денешната прес-конференција? За да укажеме дека овака се заплашуваат граѓаните, се заплашува опозицијата постојано и тоа со обвинителство, со тужби, со пресуди.

Тоа за нас од опозицијата е секојдневие, а сега стана секојдневие и за оние што ги претставуваат синдикатите. Дозволете на крајот да ви кажам дека од името на СДСМ дека ова е модел кој со нас ни е многу добро познат. Ова е модел за заплашување и пресметка со опозицијата, но сега и пресметка со граѓаните.

Не е само опозицијата во прашање. Безбедносни служби се користат и за следење на неистомисленици. Тоа ние од СДСМ најдобро го знаат.

Пак ќе кажам сега го знаат и они од синдикатот. Служби за безбедност, обвинителство, судство. медиуми. Звучи познато, се разбира тоа се методите на секое владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Исто како во времето на оној на којшто морам да му го споменам името и на којшто режим повторно почна да не потсетуваат овие денови. Тоа е режимот на Груевски.

Затоа и авионот нонстоп оди до Будимпешта кај Груевски. Не е битно кој е пилотот. Битно е што контролорот на летање на владиниот авион е Никола Груевски. Така да од сега кога ќе слушнете Груевски како вели она на М веќе не мисли ниту на Мерцедес ниту на Мајбах. Денеска она на М е Мицкоски.

За крај сакам да им порачам на граѓаните да не се заплашуваат од овие притисоци бидејќи ќе победиме. Режимите во едно се разликуваат и во едно се слични. Слични се во тоа што фактички тој режим исто завршува. Различен е стилот, различен начинот. Некои се поотворени, некои се позатворени, но исто завршуваат. Завршуваат победени од граѓаните. Благодарам.

Линк до видеo: https://www.youtube.com/watch?v=s518pMBlPAc

Линк до видео, извадок од емисијата на Канал 5 Телевизија: https://www.youtube.com/watch?v=Ppfg88Pt4v0

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation