Сите чекаат да се дознае кој ќе ја подигне Златната топка

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вечерва со почеток во 20 часот, Париз повторно ќе биде во центарот на светскиот фудбал – во театарот „Шателе“ ќе се одржи свечената церемонија за доделување на Златната топка за 2025 година. Еден од најпрестижните трофеи во спортот ќе го добие најдобриот фудбалер во светот, а името на добитникот сè уште се чува во строга тајност.

По минатогодишните измени во правилата, победникот не се известува однапред, а единствената личност која го знае името е главниот уредник на „Франс Фудбал“, Винсент Гарсија.

– Јас сум единствениот човек кој го знае победникот – изјави тој, нагласувајќи дека доверливоста е на највисоко ниво.

Иако на списокот се најдоа 30 кандидати, според прогнозите двајца играчи се издвојуваат како најголеми фаворити – Осман Дембеле од Пари Сен Жермен и сензацијата на Барселона, Ламин Јамал. Францускиот репрезентативец Дембеле важи за прв фаворит благодарение на тројната круна што ја освои со ПСЖ минатата сезона. Сепак, дел од експертите сметаат дека токму 18-годишниот Јамал би можел да направи историски исчекор и да ја освои наградата поради неговите спектакуларни настапи во дресот на Барселона и шпанската репрезентација.

Од оваа година, критериумот за избор е базиран на сезонскиот учинок, а не на календарската година како што беше претходно. Покрај главниот трофеј, вечерва ќе бидат доделени и признанија за најдобар голман, најдобар стрелец и најдобар млад фудбалер.

Златната топка се доделува од 1956 година, а историјата ја обележаа имињата на најголемите фудбалски легенди. Лионел Меси е рекордер со осум освоени награди, додека Кристијано Роналдо ја подигна статуетката пет пати. Прашањето што сите љубители на фудбалот го поставуваат е, кој ќе биде следниот што ќе влезе во оваа елитна галерија?

Share This Article