Background

Синот на Џон Ленон ја презел улогата на чувар на наследството на својот татко

Во интервју за Си-би-ес, Шон Оно Ленон (50) вели дека, со оглед на тоа што неговата мајка Јоко Оно има 92 години, практично, тој ја презел улогата на чувар на наследството на својот татко, Џон Ленон, пишува Пипл.

– Секако, и светот е чувар на неговото наследство. Јас само давам сè од себе за да помогнам младите генерации да не ги заборават ‘Битлси’, Џон и Јоко. Така ја гледам мојата улога – вели тој.

На прашањето дали навистина е можно луѓето да ги заборават, Шон вели дека е можно, иако порано никогаш не мислел така.

- Advertisement -
Ad image

Џон Ленон, заедно со Пол Макартни, Ринго Стар и покојниот Џорџ Харисон, стекна светска слава во шеесетите години како дел од „Битлси“. По распадот на групата во 1970 година, Ленон започна солистичка кариера и соработуваше со Јоко Оно сè до својата трагична смрт во 1980 година, кога имаше само 40 години.

– Моите родители ми дадоа толку многу што чувствувам дека најмалку што можам да направам е да го чувам и поддржувам нивното наследство додека сум жив. Тоа е длабоко лична работа – вели Шон.

Тој го опишува наследството на своите родители како „мир и љубов“, но додава дека станува збор и за став кон активизмот – активизам што се темели на хумор, емпатија и човечност.

Еден од начините на кои Шон го одржува тоа наследство е преку песната „Happy Xmas (War Is Over)“ од 1971 година.
Првично создадена како антивоен протест против војната во Виетнам, песната денес е препознатлива како празничен класик.
Заедно со поранешниот аниматор на „Пиксар“, Дејв Малинс, Шон создаде краток анимиран филм „Војната заврши“ (War is Over!), кој е инспириран од оваа песна и ја освои наградата Оскар за најдобар краток анимиран филм во 2024 година.

Приказната за Џон и Јоко е раскажана и во новиот документарен филм „Еден на еден: Џон и Јоко“ (One to One: John & Yoko), кој се фокусира на нивната прва година во Њујорк и концертот во Медисон Сквер Гарден во 1972 година – нивниот единствен целосен заеднички концерт.

– Тоа е приказна за моето потекло. Ако размислите, тие дојдоа во Њујорк и тоа е единствената причина зошто јас постојам – вели Шон во интервјуто.

Наследството на „Битлси“ ќе добие и нова филмска интерпретација преку проектот „Битлси – филмски настан во четири дела“ (The Beatles – A Four-Film Cinematic Event), во режија на Сем Мендес, чија премиера е најавена за 2028 година.

Секој од четирите филмови ќе ја следи приказната на различен член на бендот: Харис Дикинсон ќе го толкува Џон Ленон, Пол Мескал – Пол Макартни, Џозеф Квин – Џорџ Харисон, а Бери Киган – Ринго Стар. Улогата на Јоко Оно ќе ја игра Ана Саваи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation