Синот на американскиот претседател, 18-годишниот Барон Трамп, се врати на факултет две недели по инаугурацијата на татко му.
Тој бил забележан во кампусот на „Њујорк университи“ придружуван од телохранител. Најмалиот син на Доналд Трамп студира бизнис и економија, а академската година чини околу 85.000 долари.
На првиот ден од новиот семестар Барон бил облечен во бел џемпер и црни панталони, во комбинација со патики, а во кампусот пристигнал во автомобил со приватен шофер.
Неодамна неговата мајка Меланија, првата дама на САД, изјави дека веројатно нејзиниот син поради тоа што е дете на најмноќниот човек во светот нема да има нормални студентски денови како неговите колеги.
– Мислам дека е невозможно да биде нормален студент. Неговото искуство на факултет е многу поразлично. Но, горда сум како се справува со сè. Многу е силен и знае дека е во различна положба од другите деца – изјави Меланија во интервју за Фокс њуз.
Таа рече дека го советувала Барон самиот да одлучи што ќе прави со својот живот, да си ги исполни неговите соништа, затоа што станува збор за негов пат, за негов живот.
За магазинот „Пипл“ извор близок до Барон изјавил дека поради неговата атрактивност тој бил мошне популарен на факултет меѓу неговите колешки, па дури и колегите кои не ја поддржувале партијата на татко му, имале добро мислење за него.