Синоќа пред 23:00 часот повторно избувна пожар на депонијата „Дрисла“, овојпат на сосема друго место од претходните денови. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите и службите, огнот бил изгаснат и затрупан за еден час.
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираа дека веднаш по добивањето на пријавата, на терен излегле скопските пожарникари.
– Поради специфичноста на пожарот беше потребно истовремено гаснење и затрупување на опожарената површина, за што беа активирани градежни машини кои веќе беа присутни, а нивните возачи брзо пристигнаа на лице место. Со ова беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата – велат од ДЗС.