Background

Синдикатите им се заканија на газдите дека наредниот пат ќе се соочат со генерален штрајк

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Сојузот на синдикати денеска ја реализира втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. Пред Стопанската комора беше испратена порака до работодавачите да се согласат да ја зголемат минималната плата и сите останати плати и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите.

- Advertisement -
Ad image

Од ССМ изјавија дека понудата е на маса и доколку не наидат на разбирање ќе организираат уште еден протест и генерален штрајк.

– Понудата е уште на маса и им ја кажуваме од улица. Следниот пат нема да дојдеме со понуда, ќе дојдеме со генерален штрајк – рече Трендафилов.

Присутните побараа од работодавачите да се откажат од дел од сопствениот профит за да им овозможат на работниците достоинствен живот со зголемување на платите.

– Доколку не се одважат и газдите дел од колачот да го дадат на вработените, коишто им го овозможиле во минатото тој профит, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица со нив, со блокади, со шатори, и секој еден ден да ги потсетуваме дека повеќе за тие плати нема да работиме. Условите за работа, платите во приватниот сектор, се повеќе од мизерни, повеќе наликуваат на социјална помош отколку на плата достоинствена за живот – рече Иван Пешевски.

Според него, секое седнување на маса со претставниците од приватниот сектор, кои се претставуваат како големи газди и работодавачи, не е социјален дијалог кој доведува до унапредување на работничките права и плати, туку, напротив, се обидуваат да ги скратат нивните права.

Третата фаза од блокадите е Владата, која ќе биде блокирана во вторник кога Владата одржува седница.

Доколку ваквите активности на синдикатот не резултираат со позитивен исход, најавен е уште еден протест кој ќе биде организиран во неработен ден за да му се даде можност на секој работник кој сака да присуствува, како и организирање генерален штрајк.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation