Background

Син три години се преправал во починатата мајка за да ја зема пензијата

Ја скратил косата, облекол фустан, нанел пудра, кармин, ставил обетки и бисерна огрлица. Така 56-годишниот невработен медицински техничар од Италија со години се преправал дека е неговата мајка, само за да ја продолжи измамата што ја водел речиси три години.

Како што објави „Кориере дела Сера“, тој ја земал пензијата и другите приходи на неговата мајка и по нејзината смрт, која се претпоставува дека настапила околу 2022 година. Телото го сокрил во семејниот дом.

Измамата била откриена кога се појавил во државна канцеларија на северот од земјата за да ја обнови нејзината лична карта. Вработената веднаш се посомневала: гласот бил премногу длабок за 80-годишна жена, а целокупниот впечаток бил „нешто не е во ред“.

- Advertisement -
Ad image

„Ова е скандал како г-ѓа Даутфаер“, коментирале италијанските медиуми, алудирајќи на познатиот филм со Робин Вилијамс.

По сомнежите, вработената ги уведомила претпоставените, а тие локалната полиција. Била започната истрага и фотографијата од обидот за обновување на личната карта била споредена со старата фотографија – сомнежите веднаш се зголемиле.

Дополнителните проверки покажале дека жената со години немала користено здравствени услуги, не посетувала лекар и немала никаква општествена активност. Но, даночните формулари и имотните изјави и понатаму се поднесувале редовно.

Службата повторно го повикала во канцеларијата под изговор дека треба да се допополнат документите. Тој дошол повторно, преправен како неговата мајка – но наместо нова лична карта, го пречекала полицијата. Веднаш признал и дозволил претрес на домот, каде било пронајдено мумифицираното тело на г-ѓа Дал’Ољо.

Според „Кориере дела Сера“, тој заработувал повеќе од 50.000 евра годишно од пензиите и приходите од недвижностите што ѝ припаѓале на неговата мајка. Сега се соочува со затворска казна, а случајот ја шокира Италија.

– Ова е многу чудна приказна, но воедно и многу тажна – изјави градоначалникот на Борго Вирџили, Франческо Апорти.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation