Силно невреме проследено со грмотевици го зафати Белград, поради што два авиона веќе подолго време не можат да слетаат на аеродромот „Никола Тесла“.
Станува збор за летови од Виена и од Анкара, кои кружат над Смедерево, а стигнале и до централните делови на Србија.
Да потсетиме, невремето проследено со грмежи и пороен дожд ја зафати цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиле над главниот град.
Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и ветер. Србија е под влијание на циклон и студен фронт, кои носат посериозна промена на времето, со дожд, поројни врнежи и грмежи.