Силни реакции од европската десница – „Ова е објава на војна“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Пресудата на Марин Ле Пен ја претставува агонијата на либералната демократија, изјави за ТАСС портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Француската политичарка беше осудена од судот во Париз во случајот со парламентарните асистенти на 4 години затвор и на итно одземање на правото на глас на 5 години.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја пресудата на Марин Ле Пен во Франција, рече дека сѐ повеќе европски метрополи го следат патот на газење на демократските норми, пренесува РИА Новости.

– Навистина, сè повеќе европски престолнини го следат патот на газење на демократските норми. Но, генерално, нашите согледувања во европските престолнини укажуваат дека тие апсолутно не бегаат од излегување надвор од рамката на демократијата за време на политичкиот процес – рече Песков.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, реагираше на пресудата за Мари Ле Пен со објава на социјалната мрежа Икс, со порака „Je suis Marine!“ (Јас сум/ ја поддржувам Марин).

Орбан на тој начин изрази поддршка за лидерката на француската крајна десница откако францускиот суд ја прогласи Ле Пен за виновна.

Италијанскиот министер за транспорт и заменик-премиер, Матео Салвини, кој исто така е сојузник на Ле Пен, ја нарече пресудата „лош филм“ и „објава на војна од страна на Брисел“. Салвини, како и Орбан, ја критикуваше Европската Унија.

„Оние кои се плашат од пресудите на избирачите, честопати наоѓаат сигурност во пресудите на судовите. Во Париз ја осудија Марин Ле Пен и сакаат да ја исклучат од политичкиот живот. Лош филм кој го гледаме и во други земји како Романија. Оваа пресуда против Мари Ле Пен е објава на војна од страна на Брисел, во време кога војничките импулси на Фон дер Лајен и Макрон се застрашувачки. Нема да се исплашиме, нема да застанеме: со полна брзина напред, пријателке!“, напиша Салвини.

Лидерот на Националното собирање, Џордан Бардела, ја нарече пресудата „погубување на француската демократија“.

- Advertisement -
Ad image

„Денес не станува збор само за Мари Ле Пен, таа којашто е неправедно осудена, туку е и француската демократија која е погубена“, напиша Бардела во објава на социјалните мрежи.

За потсетување, францускиот суд денес ја прогласи Мари Ле Пен за виновна, забранувајќи ѝ да се кандидира за јавна функција, а оваа забрана веднаш ќе стапи на сила. Забраната е поставена на 5 години, што значително ја отежнува, ако не и целосно го задушува планот на Мари Ле Пен да се кандидира на претседателските избори 2027 година, на кои според раните анкети има големи шанси за победа.

Ле Пен има право на жалба, но е одлучено дека забраната за кандидатура ќе стапи на сила веднаш.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article