Топ Вести - Слушај сега
Една жена загина во експлозија во близина на плоштад во Техеран што се случи за време на демонстрации по повод Денот на Ал Кудс.
Жената им подлегнала на повредите од шрапнели.
Шефот на иранскиот Национален совет за безбедност, Али Лариџани, кој присуствуваше на протестот, реагираше на веста за нападот. Тој рече дека „нападот на маршрутата на протесот го покажува очајот на Израел и на САД.
– Трамп не е доволно паметен да види дека иранскиот народ е зрел, силен и решителен. Колку е поголем притисокот од САД, толку е посилна волјата на народот – изјави Лариџани за државната телевизија ИРИБ.
Иранската телевизија објави снимка од силна експлозија близу еден од плоштадите во Техеран, каде што се одржуваа демонстрации. Во моментот кога почна да се издигнува чадот демонстрантите почнаа да скандираат „Смрт за Америка“, „Смрт за Израел“ и „Ниту компромис ниту предавање, борете се против Америка“.
Полуофицијалната новинска агенција Тасним соопшти дека експлозијата е предизвикана од „американско-израелско бомбардирање“. Според нивните извештаи, погодена е областа јужно од улицата Енгелаб, една од главните сообраќајници во иранската престолнина.
Инцидентот се случил за време на маршевите по повод Денот на Ал Кудс или Денот на Ерусалим. Традицијата на маршеви за Денот на Ал Кудс, годишен меѓународен митинг во поддршка на Палестинците, почна по Иранската револуција во 1979 година. Митинзите се одржуваат низ целиот свет во последниот петок од Рамазан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
