Силен земјотрес вечерва го погоди северот на Далмација во Хрватска.
Во 18 часот и 43 минути сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица.
Магнитудата на земјотресот бил 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил VI степени според ЕМС.
Засега нема информации за материјална штета или повредени.