Сиљановска Давкова ја предупреди Фон дер Лајен дека билатерализацијата може да им се повтори

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Посетата на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен е охрабрувачка и поттикнувачка за европската реинтеграција на регионот, оцени македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова при вчерашната средба во Скопје, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

„Фон дер Лајен пак, разговорот го почна со изразување отворен интерес на ЕУ за Западниот Балкан, поради неговата природна европска припадност во географска, историска и културна смисла, но и поради тектонските промени на меѓународниот поредок и зголемените светски и европски безбедносни закани“, се вели во соопштението од Кабинетот на Сиљановска Давкова.

Македонската претседателка, се додава, ја реафирмираше посветеноста кон исполнувањето на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.

„Таа ги спореди Балтикот и Балканот, посочувајќи ја очигледната разлика: во првиот, земјите, членки на ЕУ, застанаа зад своите соседи, а во вториот, некои членки на ЕУ го користат привилегираниот статус за да го условуваат, па и да го блокирааат политичкиот пат на соседот кон Брисел“, соопшти кабинетот.

Претседателката, се додава, уште еднаш укажа на огромната важност за регионот на: СЕПА, западно-балканскиот роаминг, „Везилка-Националниот центар за вештачка интелигенција“, „Хоризонт“, како и на големите очекувања од инфраструктурните проекти Коридор 8 и Коридор 10.

„Гордана Сиљановска Давкова предупреди на опасноста од реплицирање на преседанот со билатерализацијата на македонскиот процес на интеграција, надвор од Копенхагенските критериуми, не само во регионални рамки, туку и пошироко. Воедно, потсети на непочитувањето, односно кршењето на некои фундаментални принципи и вредности на основните конститутивни акти на ЕУ што ги гарантираат националниот и културниот идентитет на државите и на нациите, како и достоинството и интегритетот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Исто така, се додава, изрази спремност за македонско-бугарски разговори по завршувањето на локалните избори.

„Сиљановска-Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции, бидејќи како што нагласи, прифаќањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ не е само прашање на проширување, туку ја засега безбедноста и стабилноста на Европа. Иницијативата за реформирање на процесот на одлучување во ЕУ, што би ги опфатило и прашањата поврзани со проширувањето на Унијата, односно воведувањето на гласање со квалификувано мнозинство, за Сиљановска-Давкова би било храбра одлука, што ќе доведе до евроинтеграциски исчекор“, соопшти Кабинетото на претседателката.

Според неа, ние мораме да ја насочиме енергијата кон реформите во судството и бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот.

- Advertisement -
Ad image

„Претседателката Урсула фон дер Лајен ја нагласи јасната волја кај сите 27 земји, членки на ЕУ, за забрзано реинтегрирање на Балканот и го поздрави значајниот прогрес постигнат во рамките на Планот за раст, потенцирајќи дека земјава заслужува да оди напред“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Share This Article