Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова им ја честиташе победата на ракометарите на „Алкалоид’ кои синоќа славеа на гостувањето кај АЕК во Атина со 29:25.
– Честитки за витешката ракометна битка и победа на „Алкалоид“ над „АЕК“ во првиот натпревар на Европскиот куп. Горда сум на победниците! Особена благодарност до тренерот Кире Лазаров и главниот спонзор Живко Мукаетов! Така се бранат македонските бои! Триумфално влеговте низ портата на победата. Излезете низ неа со пехар в раце – напиша Сиљановска Давкова на својот профил на Фејсбук.
Реваншот во СЦ „Борис Трајковски“ Скопје ќе се игра на 25 мај.