Ријалити ѕвездата Кајли Џенер уште еднаш покажа дека за модата се трпи, па објави видео на кое се гледа како со тешкотија и викање ги вади штиклите што претходно ѝ биле залепени за стапалата – трик, предложен од дизајнерот, за да не ѝ се лизгаат додека чекори.
На Мет галата, најгламурозниот моден настан, ѕвездите преку стајлинг ги интерпретираат зададените теми, а оваа година темата беше „Скроено за тебе“.
Кајли се појави во впечатлива креација од „Ферагамо“, со длабоко деколте и со висок шлиц, кои ги истакнуваа нејзините облини.
Стајлингот го надополни со црни ракавици и со елегантни шпицести штикли со ременчиња, кои ѝ предизвикале мала непријатност. Поради тежината на чевлите и поради тешкото движење, тимот морал внимателно да ѝ ги одлепи по завршувањето на настанот.
На стори на Инстаграм, Кајли објави видео на кое се гледа како по галата, цел тим стилисти пробува да ѝ ги одлепи чевлите од стапалата, со помош на спреј, триење со прсти и влечење, за да ѝ ја ублажи болката.
– Макс ми рече да ги залепам стапалата на чевлите и сега нозете ми се заглавени во нив – вели таа во видеото со глас во кој се чувствува блага болка додека извикува „ауч“.

Неколку минути подоцна таа објави фотка од стапалата и напиша: „Во ред се!“