Шведските власти соопштија дека ги истражуваат тврдењата дека подводниот кабел меѓу Германија и Финска е прекинат во Балтичкото Море.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека неговиот кабинет многу сериозно ги сфаќа тврдењата за оштетување на инфраструктурата, пренесе АП.
Од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, во Балтичкото Море се забележани неколку случаи на оштетување на подводните телекомуникациски и напојувачки кабли.
Ваквите инциденти се поврзани со можна руска саботажа.
Кристерсон рече дека оштетувањето на подводната инфраструктура е исклучително загрижувачко во актуелната политичка ситуација, според Ројтерс.