Швајцарскиот кашкавал „Грујер“ е прогласен за најдобриот во светот на овогодинешниот Светски натпревар за сирење, што се одржа во Берн.
Престижниот меѓународен натпревар собра повеќе од 5.000 учесници од 45 земји, објавија швајцарските медиуми.
Наградуваниот „Грујер“, стар 18 месеци, е произведено во фабриката „Вордерфултиген“ во кантонот Берн, а производител е Пиус Хиц.континенти оцени повеќе од 100 сирења, а 14 кандидати беа претставени во финалната рунда.
„Ова исклучително признание ја наградува извонредноста на култен производ од швајцарското наследство, резултат на знаење пренесувано од генерација на генерација повеќе од девет века“, објави Интерпрофесионалното здружение „Грујер“.
Натпреварот, кој се одржува од 1988 година, сега за прв пат се одржува во Швајцарија, истакнувајќи ја швајцарската традиција и вештините за производство на кашкавал.
Следната година, наградите ќе бидат доделени во Кордоба, Шпанија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖