Background

Што сѐ ќе добие зетот на Трамп за да гради во строгиот центар на српската метропола

Владата на Александар Вучиќ има намера во Собранието да донесе посебен закон („lex specialis“) за укинување на статусот „споменик на културата“ на имотот на Генералштабот на армијата во строгиот центар на Белград, со што ќе им се овозможи на компаниите на Џеред Кушнер – зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да добие земјиште од речиси четири хектари и објектите што се наоѓаат на две парцели, на период од 99 години. Сето тоа во строгиот центар на Белград, точно спроти зградата на Владата на Србија, пишуваат српски медиуми.

Тоа ќе му отвори пат на Кушнер за реализација на импозантниот проект „Trump Belgrade“, кој ќе се протега на 3.000 квардатни метри површина. На компанијата Afiniti Global Development, која е во сопственост на Џеред Кушнер, според сите индиции, бесплатно ќе ѝ биде отстапен целиот „пакет“ на Генералштабот – зградите на Генералштабот и на Министерството за одбрана, кои се дел од истиот комплекс, и кои сега имаат статус на културно наследство. На семејството Трамп, едно од најбогатите во САД, ќе му припадне она што остана од комплексот на Генералштабот по бомбардирањето од страна на НАТО во 1999 година – и уште повеќе од тоа.
Доколку биде усвоен законот „lex specialis“, зетот на Трамп ќе ја добие целата имотна целина на Генералштабот, зградата што се наоѓа на аголот меѓу улиците Кнез Милош и Немањина – еден од најрепрезентативните делови на Белград. Во рамките на овој огромен комплекс има бројни стари објекти, меѓу кои и касарни изградени во 18. и 19. век, од времето на кнез Милош Обреновиќ па сè до денес.
На парцелата е предвидена изградба на две џиновски структури, што ќе биде можно само ако, покрај оштетените објекти, се урнат и неоштетените делови — Стариот Генералштаб (Баумгартеновата палата од 1928 година на Кнез Милош) и кулата на зградата „Б“ кон Бирчанинова улица, која е во добра состојба и сè уште е во функција.
Имотот на Генералштабот опфаќа две парцели со вкупна површина од околу 37.000 квадратни метри, односно речиси четири хектари земјиште, како и Касарната на Седмиот пук, што се наоѓа на аголот на улиците Немањина и Ресавска — на истата парцела со бомбардираната зграда на Армијата, која веќе 26 години чека реконструкција.
Касарната на Седмиот пук, исто така, е заштитена како културно добро од национално значење и не е предвидена за уривање. Според фотографиите на официјалната страница на проектот „Trump Belgrade“, во овој објект треба да се изгради хотел именуван според американскиот претседател — Интернационален хотел „Трамп“. Зградата зафаќа површина од околу 3.000 квадратни метри, а правото на користење во моментов го има Министерството за одбрана.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation