По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, поранешниот американски претседател Доналд Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social:
„Му реков, исто како што силно му предложив и на претседателот Путин, дека време е да престане убивањето и да се направи договор! Доста е пролеана крв, границите веќе се исцртани со војна и со храброст. Треба да застанат таму каде што се. Нека прогласат победа и дваjцата лидери, нека пресуди историјата!“.

Според „Ројтерс“ и „Вашингтон пост“, разговорот бил долг и, според очевидци, студен, а Зеленски заминал без конкретна одлука за ракетите, но со ветување дека Трамп ќе продолжи да посредува меѓу Киев и Москва.
Во медиумите внимание привлече и вратоврската на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, која била во боите бела, сина и црвена — идентични на руската тробојка. Едно од толкувањата е и дека тоа се и боите на американското знаме.