Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му подари на американскиот претседател Доналд Трамп обичен позлатен „пејџер“ во спомен на операцијата против Хезболах, пишува „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на Канал 12.
– Тоа беше одлична операција – му рече Трамп на Нетанјаху и му возврати со фотоградија од нивната средба во Белата куќа во Вашингтон, на која со посвета пишува „На Биби, големиот лидер“.
Златниот пејџер ја симболизираше акцијата на израелското разузнавање Мосад од 17 септември минатата година кога точно во 15 часот и 30 минути, со една порака на пејџерот, беа предизвикани илјадници експлозии.
„Добивте шифрирана порака“, гласеше пораката која Мосад им ја испрати на пејџерите на борци на групата Хезболах во Либан и во Сирија. Пејџерите беа сетирани да експлодираат по притискање на копчињата за проверување на пораката.
Според либанското Министерство за здравство, во експлозиите на 17 и 18 септември загинаа најмалку 37 лица, меѓу кои и деца, а беа повредени околу три илјади луѓе.
Хезболах ја доби првата понуда за купување пејџери на Аполо во 2023 година. На групата ѝ се обратила жена чиј идентитет и националност не се откриени.
Мосад отрпвин не ја презеде одговорноста за нападот со пејџерите.
Следниот ден, на 18 септември, стотици воки-токи кои Мосад му ги доставуваше на Хезболах од 2015 година експлодираа на ист начин, убивајќи и ранувајќи борци на Хезболах и случајни минувачи.