Ако се прифати предлогот на претниците Драгана Бојковска и Јане Мицевски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, за првпат штедилниците ќе можат да прибираат депозити од правни лица, како и да продаваат полиси за осигурување.
Во измените на Законот за банки, што го предлагаат двајцата пратеници, посебен акцент се става на проширување на активностите на штедилниците, што, според нив, ќе донесе низа предности за нашите граѓани и за правните лица.
„Зголемената конкуренција на финансискиот пазар ќе значи стимулирање за намалувањето на цените на финансиските услуги, како и понуда на поквалитетни услуги од финансиските институции за граѓаните и стопанството. Пониски провизии и поволни каматни стапки. Ова е клучна реформа бидејќи создаваме услови за поголема поддршка на малите бизниси.
Капиталот од штедните влогови да се насочи кон малите и средни претпријатија, земјоделците и кон индивидуалните претприемачи“, се вели во заедничката изјава на Бојковска и на Мицевски.