Background

Шпанскиот кошаркарски стручњак Жозеп Мариа Берокал од денеска и официјално е селектор на машката македонска кошаркарска репрезентација

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Шпанскиот кошаркарски стручњак Жозеп Мариа Берокал од денеска и официјално е селектор на машката македонска кошаркарска репрезентација. Новиот македонски селектор веќе започна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред медиумите.

- Advertisement -
Ad image

– Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да се биде селектор на Македонија. Знам дека периодот за подготовки е краток, но во овие само два тренинга со репрезентацијата видов дека има голем простор за напредок. Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим – вели селекторот.

Шпанскиот тренер објасни и како дошло до почетокот на оваа, како што сите се надеваат, долгорочна соработка.

– Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, на кого му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, а некои ги знам од Шпанија. Среќен сум. Знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да извлечеме максимум од овие играчи. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри и да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, туку да се фокусираме на она што ни претстои – изјави Берокал на денешната промоција.

На прес-конференцијата, претседателот Томе Главчев информираше дека во стручниот штаб со Берокал е вклучен Ѓорѓи Кочов, тренер со меѓународно искуство, а во работата со репрезентациите е ангажиран и Владо Илиевски.

– Како федерација, остануваме цврсто определени кон професионализација, развој на домашните играчи и враќање на препознатливиот репрезентативен дух. Пред нас се сериозни предизвици, но и можности – и веруваме дека со заедничка работа, поддршка од јавноста и медиумите можеме повторно да ја позиционираме македонската кошарка на нивото кое го заслужува – порача првиот човек на македонската кошарка.

Ѓорѓи Кочов се враќа во македонскиот сениорски национален тим. Овој пат во улога на асистент во стручниот штаб на новиот селектор Хозе Мариа Берокал.

За новиот предизвик, Кочов вети многу работа.

– Чест ми е и задоволство што сум повторно во стручниот штаб на Македонија. За се треба време, ама има само еден начин да станеш подобар, тоа е да тренираш. Понудата од федерацијата ја прифатив затоа што мислам и сметам дека треба тоа што сум го стекнал надвор како искуство, да го пренесам на нашите домашни играчи. Да помогнам на некои тренери што немаат можност многу да видат како се работи надцор и тренира и мислам дека со промена на тренингот и пристапот, сите заедно може да направиме нешто и да промениме. Знаеме во моментов во каква ситуација е клупската кошарка, а репрезентативната е одлик на клупската. За наша земја, мала земја како Македонија, ние тренерите мораме да се потрудиме да бидеме на највисоко ниво што можеме. Да дадеме најдобри можни услови за играчите за да очекуваме некаков напредок. Ако не успееме тоа да го направиме, не може да очекуваме резултат. Јас по природа сум позитивен, но зборувам објективно. Во последните пет години доволно ја пратам македонската кошарка – смета Кочов, кој во последните сезони е асистент во германскиот бундеслигаш Кемниц.

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски се врати во македонската кошарка, како координатор на сите национални репрезентативни селекции.

Неговото огромно меѓународно искуство, длабокото познавање на репрезентативниот систем и авторитетот што го ужива во кошаркарските кругови ќе бидат ставени во функција на унапредување на работата на сите сениорски и младински национални селекции, подобра координација меѓу нив, како и дефинирање на стратешки насоки за нивен долгорочен развој.

– Ја прифатив оваа функција да го предадам моето име, моето искуство што сум го стекнал триесет години на Македонија и заедно со оваа екипа да направиме исчекор и систем, во чија иднина очекуваме млади генерации да ги наследат денешните. Се надевам дека долги години по нас ќе оставиме нешто, систем, начин на работа и позитивна средина која ќе ни даде голем број на добри кошаркари. Благодарност до претседателот Главчев што ми ја даде оваа одговорност и се надевам дека ќе одговорам на овој предизвик. Почнуваме со нов селектор, нова енергија и не очекуваат добри резултати во иднина и секако, нови дечиња, девојчиња, кои ќе ја претставуваат Македонија во најдобро можно светло – изјави Илиевски.

Македонските кошаркари првиот натпревар под водство на Берокал ќе го одиграат в петок од 18 часот во Градски парк, а противник е Луксембург. Со овој дуел стартуваат претквалификациите за Европското првенство 2029 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation