Шпанскиот актер Франциско Сан Мартин почина на 39-годишна возраст

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шпанскиот актер Франциско Сан Мартин почина на 39-годишна возраст. Сан Мартин бил пронајден мртов во својот дом, а полицијата во Лос Анџелес потврдила дека извршил самоубиство.

Актерката Камила Банус, која глумеше со него во серијата „„Денови на нашите животи“ (Days of Our Lives), се прости од него на Инстаграм.

„Што да кажам освен те сакам и почивај во мир пријателе. Те сакам многу, толку, толку многу… Посакувам тоа повеќе да ти го кажував“, напишала таа, пишува „Дејли мејл“.

Шпанскиот актер е роден на 27 август 1985 година, а кога бил дете со семејството се преселил во САД. Тој беше најпознат по својата улога како Дарио Хернандез во долготрајната драмска серија „Денови на нашите животи“, која се емитува од 1965 година. Тој се појави во епизоди снимени помеѓу 2010 и 2011 година. Својата актерска кариера ја започнал во детски театарски претстави, подоцна преминал во манекенството и на крајот се посветил на актерството.

Неговите други значајни улоги беа во филмот „Зад канделабрите“ од 2013 година, како и во серијата „Храбриот и убавиот“ од 2017 година. Истата година, тој го играше менаџерот на имот Фабијано Регал дел Сиело во популарната серија „Jane the Virgin“.

Share This Article