Background

Шпански стратег со 21 трофеј ја презема репрезентацијата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека донесе одлука за именување на г. Жозеп Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.

- Advertisement -
Ad image

Во продолжение следи соопштението на КФМ:

„Г. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка, како и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување.

Во својата богата кариера како главен и помошен тренер, г. Берокал има освоено вкупно 21 трофеј, меѓу кои и две титули во Евролигата, а работел во 13 различни национални лиги и девет држави, што го вбројува меѓу најискусните интернационални тренери во европската кошарка.

Неговиот професионален ангажман вклучува работа во врвни европски клубови како Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби од Тел Авив, Баерн Минхен, како и во повеќе национални првенства на највисоко ниво (AЦБ – Шпанија, Евролигата, израелската лига, Лигата на Турција, украинската лига и други).

Г. Берокал соработувал со некои од најголемите имиња во светската кошарка, меѓу кои: Светислав Пешиќ Чави Пасквал, Душко Ивановиќ, Јоргос Барцокас, Велимир Перасовиќ, Одед Каташ и Гордон Херберт, што дополнително го потврдува неговиот стручeн и професионален кредибилитет.

Покрај работата со сениорски екипи, Берокал има и значајно искуство во развој на млади играчи, со 15 години работа во младински категории, вклучително и освојување на две шампионски титули во Шпанија со У18 селекции.

Неговата работа е препознаена како системска, дисциплинирана и насочена кон долгорочен развој на играчи и тимови.

Ангажманот на г. Жозеп Мариа Берокал претставува дел од стратешката определба на кошаркарската федерација на Македонија за подигнување на стручните стандарди, воспоставување на јасен систем на работа и градење конкурентна сениорска репрезентација, во тесна поврзаност со младинските селекции.

Федерацијата изразува уверување дека искуството, знаењето и меѓународниот авторитет на новиот селектор ќе придонесат за стабилност, напредок и јасна визија во натамошниотразвој на македонската кошарка“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation