Background

Шокантно признание од израелскиот министер за одбрана

Израел имал планови да го убие врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, за време на неодамнешната 12-дневна војна, но вистинскиот момент никогаш не дошол, изјави министерот за одбрана на Израел Бени Кац во интервју, пренесува Хиндустани тајмс.

Кац во текот на 12-дневниот конфликт на социјалните мрежи отворено му се закани на Хамнеи дека ќе го убие. Во гостувањето на телевизија Кац ги потврди овие намери на владата во Тел Авив.

– Проценувам дека ако Хамнеи беше на нишан, ќе го елиминиравме. Но, Хамнеи го разбра ова, отиде во илегала во многу големи длабочини и ги прекина контактите со командантите кои ги заменија тие команданти кои беа елиминирани, па затоа на крајот не беше реално – изјави министерот.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на САД Доналд Трамп, исто така, му се закани на Хамнеи по животот за време на војната на 17 јуни:

„Знаеме точно каде се крие таканаречениот „Врховен лидер“. Тој е лесна цел, но е безбеден таму – Нема да го извадиме (Убиеме!), барем не засега“, напиша Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.

.Хамнеи стана главна цел на Израел минатата недела откако иранска ракета погоди болница во Бершеба, повредувајќи околу 80 лица и уништувајќи неколку делови од објектот.

По тој напад, Кац предупреди дека „Хамнеи ќе плати за своите злосторства“ и рече дека идните операции ќе ги „тресат“ темелите на иранскиот режим, како што е цитирано во извештајот на „Њујорк пост“.

Ајатолахот исчезна од очите на јавноста цели седум дена, откако започнаа израелските воздушни напади на 13 јуни. Тој повторно се појави во четврток со смели тврдења дека Иран победил и против Израел и против САД.

– Исламската Република победи и, како одмазда, ѝ зададе шлаканица на Америка – рече Хамнеи, и покрај сериозната штета нанесена на војската и инфраструктурата на Иран.

Тој, исто така, ги отфрли извештаите од САД и Обединетите Нации дека бил успешен нападот врз трите клучни ирански нуклеарни постројки.

Кратката војна меѓу Израел и Иран заврши со посредство на САД и Катар и начелен договор за примирје меѓу двете страни.

Интересно е што и двете страни прогласија победа во војната.

По конфликтот, останува нејасно дали Иран ќе седне на преговарачката маса со САД во врска со нуклеарниот договор кој предвидува забрана на развивање оружје за масовно уништување.

Исто така, нејасно е во колкав дел американскиот напад ги оштети постројките длабоко под земја каде Иран го чуваше збогатениот ураниум потребен за создавање на нуклеарното оружје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation