Топ Вести - Слушај сега
Македонија2025 со задоволство информира дека е објавен Отворен повик за доделување на 20 стипендии за шестиот по ред Охрид Камп за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи во периодот од 05 до 11 јули 2026 година во Охрид.
Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност е еднонеделна едукативна програма по кодирање, роботика и инженерско размислување, наменета за деца на возраст од 11 до 15 години од Македонија и од македонската дијаспора. Кампот претставува уникатна комбинација на интензивно СТЕМ учење и летно искуство, кое ги поврзува младите преку знаење, тимска работа, креативност и културна размена, во инспиративниот амбиент покрај Охридското Езеро.
Едукативната програма за 2026 година се реализира во партнерство со Центарот за технологија, роботика и иновации (CTRI), Brainster и iSourse, преку поддршката од MASIT – Македонската асоцијација за информатичко-комуникациски технологии. Програмата е осмислена како интензивно, практично и интерактивно СТЕМ-искуство, базирано на проектно и тимски ориентирана настава. Во текот на Кампот, учесниците ќе работат со современи образовни роботски платформи и технологии, вклучително LEGO® Education и Fable robotics, преку кои ќе дизајнираат, програмираат, тестираат и унапредуваат сопствени роботски решенија. Преку структуирани предизвици и конкретни мисии, децата ќе се запознаат со основите на алгоритамско и инженерско размислување, логика, системско размислување и решавање реални проблеми. Фокусот на програмата за 2026 година е ставен на поврзување на технологијата со реални општествени и еколошки предизвици, со цел поттикнување на иновативно размислување и создавање решенија со позитивно влијание врз заедницата. Паралелно со техничките знаења, програмата активно ги развива и вештините за 21 век – критичко размислување, креативност, комуникација, лидерство и тимска работа. Кампот завршува со презентација и демонстрација на проектите и роботските решенија, изработени од самите учесници.
Покрај едукативниот дел, Кампот нуди и богата културна и социјална програма, која овозможува младите од Македонија и дијаспората да воспостават пријателства, да ја зајакнат поврзаноста со македонската култура, јазик и традиција, да го истражуваат природното и културното наследство на Охрид и да создадат трајни спомени.

Особено сме среќни што изминативе години успеавме да имаме учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар, Шведска, Малта, Франција и други земји, а се надеваме дека и оваа година ќе привлечеме учесници од уште поголем број земји ширум светот.
Во рамки на повикот:
Охрид Кампот за високотехнолошка извонредност, во изминатите години, се реализира под покровителство на Претседателот на Македонија.
Повеќе за Кампот, начинот на аплицирање и потребна документација: https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships-for-the-ohrid-hi-tech-excellence-camp-2026/
Рокот за аплицирање е 15 април 2026 година.
На следниот линк можете да ги осознаете импресиите на нашите поранешни учесници: https://www.youtube.com/watch?v=ELahdUgnuxM&list=PLj9OcPCGo_tBSrRg05cZfd3AsQDPU-7VF&index=5&t=144s
„Ова не е само камп – ова е чувство!“ – чувство на припадност, инспирација и верба дека младите преку знаење и технологија можат да ја градат својата иднина и да придонесуваат за својата заедница.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
