Background

Шекил О’Нил му се обрати на највредниот играч на НБА

Легендарнио Шекил О’Нил му се обрати на овогодишниот МВП, највреден играч на НБА, велејќи му дека минатата година познатиот Никола Јокиќ му ја украл оваа титула.

– Брате, минатата година ме нападнаакога реков дека ти требаше да бидеш прогласен за МВП, највреден играч, реков дека те ограбиле – му рече тој на колегата Шеј Гилџес-Александар во интервју на „Инсајд д НБА“.

Гилџес-Александар се насмеа и одговори:

- Advertisement -
Ad image

– Искрено, го искористив тоа како мотивација. Минатата година, повеќе луѓе мислеа дека не требаше да победам, а оваа година требаше. Таа приказна сега се промени.

Оваа сезона, Гилџес-Александар ја предводеше Оклахома Сити Тандер до најдобриот резултат во лигата со 68 победи и 14 порази, просечно постигнувајќи 32,7 поени, 6,4 асистенции и 5 скока по натпревар. Тој доби 71 од 100 можни гласови за прво место во изборот за МВП, надминувајќи го Јокиќ, кој доби 29 гласови.

Минатата сезона, Јокиќ имаше просек од 26,4 поени, 12,4 скока и 9 асистенции по натпревар, и го предводеше Денвер до 57 победи. Тој тогаш доби 79 гласови за прво место, додека Гилџес-Александар доби 15.

Изјавата на О’Нил повторно ја отвори дебатата за тоа кој навистина го заслужил МВП признанието минатата сезона. Иако Јокиќ имаше импресивни статистики, многумина сметаат дека Гилџес-Александар бил подценет.

Гилџес-Александар, кој е вториот Канаѓанец што ја освоил оваа награда по Стив Неш, сега се подготвува да го предводи својот тим во финалето на Западната конференција. Тој е првиот играч од Оклахома Сити што ја освоил оваа награда по Расел Вестбрук во 2017 година.

Во своето емотивно обраќање по добивањето на наградата, Гилџес-Александар изрази благодарност до својата сопруга Хејли Самерс за нејзината поддршка. Тој исто така ги изненади своите соиграчи со подароци, секој доби часовник „Ролекс“ вреден 16.999 долари, исполнувајќи ветување дадено претходната сезона.

Со оваа награда, Гилџес-Александар се очекува да потпише нов договор вреден над 300 милиони долари, што ќе го направи еден од најплатените играчи во лигата.

Тој се надева дека ќе му го донесе првиот шампионски прстен во историјата на Оклахома Сити Тандер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation