Background

Шефот на САД уште тажи по мермерниот под

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше Обединетите нации, но овојпат, поради неуспешниот обид од почетокот на 2000-тите да биде избран за реновирање на седиштето во Њујорк. На Генералното собрание на ОН, тој не го скри разочарувањето што бил одбиен за проект вреден милијарди долари.

– Тие решија да тргнат во друга насока, која тогаш беше многу поскапа, и која всушност резултираше со многу полош производ – рече Трамп од говорницата.

Реконструкцијата почнала во 2008 година со првична проценка од 1,2 милијарди долари, но на крајот чинела 2,3 милијарди. САД дале 488 милиони. Трамп уште во 2005 година сведочел во Сенатот дека цената ќе биде повисока и побарал тој да го изведе проектот.

- Advertisement -
Ad image

– Сфатив дека немаат поим од градба. Нивните концепти беа погрешни, а производот кој сакаа да го направат, скап и катастрофален. Дури ни мермерните подови кои јас им ги ветив, не ги добија, Чекорите по терацо, свесни сте за тоа? – изјави тој пред Собранието.

Неговото излагање почнало со поплака за тоа што не му работел телепромптерот. А и ескалаторот во зградата бил блокиран.

– Искрено, кога гледаш каква е зградата и кога ќе заглавиш на ескалатор, сфаќаш дека уште не е завршена – истакна Трамп.

Коментарот на Трамп за ескалаторот се однесуваше на фактот дека пред да започне со говорот Трамп мораше да се справи со расипан ескалатор, кој застана штом тој и неговата сопруга Меланија Трамп стапнаа на него.

– Сè што добив од Обединетите нации беше ескалатор кој на патот до искачувањето застана точно на средина. Доколку првата дама не беше во одлична форма, ќе паднеше. Ова се двете работи што ги добив од Обединетите нации, лош ескалатор и лош телесуфлер.

Откако се качи на бината Трамп обзнани и дека ќе биде принуден да чита од своите белешки, бидејќи телесуфлерот се расипал, уште еден пропуст во организацијата на настанот.

Трамп во говорот го искористи примерот на реновирањето како метафора за подлабок проблем во организацијата.

– За жал, многу нешта во Обединетите нации се случуваат на сличен начин, само на многу поголемо ниво – рече Трамп.

На ден пред говорот, Трамп во Белата куќа беше придружуван од Роберт Ф. Кенеди Џуниор, секретар за здравство, и Џеј Батачарија, директор на Националниот институт за здравство. Тема на настанот била поврзаноста меѓу употребата на лекот Тајленол (парацетамол) во бременост и развојот на аутизам кај децата, тврдење кое многу здравствени агенции го сметаат за недоволно поткрепено.

„Промовираме значајни научни сознанија во корист на децата на Америка“, соопшти Белата куќа на 22 септември.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation