Американскиот претседател Доналд Трамп размислувал да испрати крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина, тврди „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извор кој бил запознаен со разговорите во Белата куќа.
Според весникот, Трамп го прашал украинскиот претседател Володимир Зеленски зошто не ја нападнал Москва во телефонскиот разгово од 4 јули.
– Можеме, ако ни дадете оружје – одговорил Зеленски, јави „Вашингтон пост“.
Според изворот, Трамп смета дека Украина треба да врши посилен притисок врз Путин, не само врз Москва, туку и врз Санкт Петербург.
Ракети сè уште не се на списокот на оружје кое САД ќе ѝ го достават на Украина, но би можеле подоцна да се најдат таму, се вели во статијата.
„Томахавк“ лансиран од Украина би можел да ги погоди Москва и Санкт Петербург. Американците ги користеа овие ракети за време на нападот врз Иран минатиот месец.
„Вашингтон пост“ пишува дека на состанокот лидерите на САД и Украина разговарале и за ракетите со долг дострел АТАКМС. Тие можат да погодат цели во радиус од 300 километри. Според написот, за АТАКМС било разговарано и во Белата куќа, како за посилно офанзивно оружје кое би го добила Украина.
Изворот додал дека тоа најверојатно значи дозвола за употреба на 18 ракети од овој тип.
Во меѓувреме, Русија ги преместува своите воени авиони и опрема надвор од дофатот на украинските сили. Ракетите АТАКМС не се доволно јаки за да стигнат до Москва или до Санкт Петербург, но би можеле да погодат воени бази, аеродроми и складишта за снабдување длабоко во Русија.
Од Пентагон веќе неколку месеци повикуваат да се изведат подлабоки напади врз Русија со употреба на АТАКМС. Секојпат кога ќе се зголеми ограничувањето на дострелот, руската страна ги преместува авионите.
Изворот на „Вашингтон Пост“ нагласил дека Трамп решил да ескалира од три причини. Прво, тој мисли дека Путин не го почитува и се преправа дека сака да постигне мир, а во исто време не го слуша повикот на американскиот претседател за прекин на огнот.
Второ, Трамп ја видел ефикасноста на американската воена сила при нападите со бомбардери Б-2 и ракети „Томахавк“ против Иран.
Трето, верува дека Путин ќе прифати преговори само под сериозна закана од поголема сила.
Tagged as:
Шефот на САД размислува да испрати „Томахавки“ и ракети АТАКМС во Украина?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
