Американскиот претседател Доналд Трам за телевизиската мрежа Ен-Би-Си Њуз рече дека бил „лут и изнервиран“ кога рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше и ја доведе во прашање веродостојноста и изрази увереност дека украинскиот претседател Володомир Зеленски не сака да биде постигнат мир, пренесува Хил.
– Ако Русија и јас не сме во можност да постигнеме договор за завршување на крвопролевањето во Украина, а верувам дека тоа е руска грешка, ќе воведам секундарни царини на целата нафта кој излегува од Русија – посочи Трамп.
Тој истакна дека царините за Русија би можеле да бидат воведени во рок од еден месец доколку не се постигне договор за прекин на огнот во Украина.
– Ова би значело дека ако купувате нафта од Русија, нема да можете да вршите економска активност во САД. Ќе има царина од 25 до 50 проценти за целата нафта – наведе Трамп.
Тој додаде дека Путин знае дека е лут, но оти и покрај тоа тие имаат „многу добри односи“ и „лутината брзо исчезнува … ако ја направи вистинската работа“.
Трамп најави дека следните денови ќе разговара со Путин.