Background

Шефицата на ММФ предупредува дека, ако не запре војната можна е криза за храна

Војната на Блискиот Исток ќе доведе до повисока инфлација и побавен глобален раст, изјави вчера шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, пред планираното објавување на прогнозата за светската економија.

-Војната предизвика досега најголемо нарушување на глобалните резерви на енергијата откако иранската блокада на Ормускиот теснец, клучен за транспортот на една петтина од светската нафта и гас, го запре производството на милиони барели нафта. Дури и ако конфликтот се реши брзо, ММФ ќе ја намали својата прогноза за економски раст и ќе ги зголеми изгледите за инфлација – изјави извршната директорка на ММФ.

Се очекува војната да доминира во дискусиите меѓу финансиските претставници од целиот свет на пролетните состаноци на ММФ и Светската банка во Вашингтон следната недела.

- Advertisement -
Ad image

На 14 април, Фондот треба да објави серија сценарија, а на крајот на март веќе сигнализираше за можно намалување на прогнозите, наведувајќи го асиметричниот шок од војната и построгите финансиски услови.

Георгиева рече дека без војната, ММФ очекувал мало подобрување во својата проекција за глобален раст од 3,3 проценти во 2026 година и 3,2 проценти во 2027 година, бидејќи економиите продолжуваа да заживуваат по пандемијата.

– Наместо тоа, сите патишта сега водат кон повисоки цени и побавен раст. Ние сме во свет на зголемена неизвесност – рече Георгиева, наведувајќи ги геополитичките тензии, технолошкиот напредок, климатските шокови и демографските промени.

Ова значи дека откако ќе се опоравиме од овој шок, додаде таа, мора да ги држиме очите отворени за следниот.

Георгиева, исто така, забележа дека војната ги намали глобалните залихи на нафта за 13%, а ефектот се прелеваше во испораките на нафта и гас и поврзаните синџири на снабдување како што се хелиум и ѓубрива.

Дури и брзото завршување на непријателствата и брзото закрепнување ќе резултираат со „релативно мало“ намалување на прогнозата за раст и зголемување на прогнозата за инфлација, додаде таа, а ако војната продолжи, ефектот врз инфлацијата и растот ќе биде поголем.

– Сиромашните, ранливи земји без резерви на енергија ќе бидат најтешко погодени -додаде Георгиева, истакнувајќи дека многу земји имаат малку или воопшто немаат фискален простор за да им помогнат на своите популации да го издржат зголемувањето на цените предизвикано од војната, што пак го зголемува ризикот од социјални немири.

Георгиева изјави дека некои земји веќе побарале финансиска помош, но не ги именуваше. Таа рече дека ММФ би можел да прошири некои постојни програми за кредитирање за да ги задоволи потребите на земјите, а дури 85% од членовите на ММФ се увозници на енергија.

Широките субвенции за енергија не се решение, додаде таа, повикувајќи ги креаторите на политиките да избегнуваат владини плаќања што би можеле дополнително да ги поттикнат инфлациските притисоци.

– Дури и ако војната престане денес, сепак ќе има негативен ефект врз остатокот од светот – предупреди таа.

Меѓу другото, Светската програма за храна (WFP) кон средината на март изјави дека милиони луѓе ќе се соочат со акутен глад, ако војната продолжи до јуни.

Георгиева рече дека ММФ сè уште не гледа криза со храната, но додаде дека таа може да се случи, ако се наруши снабдувањето со ѓубрива.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation