Топ Вести - Слушај сега
Северна Кореја повторно тестираше неколку балистички ракети, соопшти денеска јужнокорејската војска.
Според Заедничкиот штаб на вооружените сили на Јужна Кореја ракетите биле детектирани попладнево северно од севернокорејскиот главен град Пјонгјанг и, како што се наведува, прелетале приближно 350 километри.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека проектилите летале кон исток и паднале во Јапонското Море, кое во Кореја е познато како Источно Море. Засега нема информации за типот и точниот број на истреланите ракети.
Токио и Сеул остро ги критикуваа ракетните тестирања. Јужнокорејската Влада ја повика Северна Кореја „веднаш да ги запре“ ваквите провокации.
Јапонската премиерка Санае Такаичи, во меѓувреме, им наложи на надлежните служби да собираат информации и да осигураат безбедност во поморскиот и воздушниот сообраќај. Според официјалните информации, не е пријавена материјална штета.
Јужнокорејската новинска агенција Јонхап го оцени лансирањето како „очигледна демонстрација на воена моќ“ на Пјонгјанг во пресрет на важен партиски конгрес.
Иако официјален датум за настанот сè уште не е соопштен, набљудувачите очекуваат 9. конгрес на Работничката партија на Кореја да се одржи во февруари.
Северна Кореја, согласно повеќе резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации, има забрана за лансирање балистички ракети.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
