Северна Кореја се огласи со закани до Америка

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Северна Кореја уште еднаш ја затвори вратата за надежите за мировен договор и целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Ким Јо-џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, испрати остра порака до САД: времињата на самитите и празните ветувања се минато – нуклеарната програма останува.

Во изјава пренесена преку државните медиуми, Ким Јо-џонг потенцираше дека САД мораат да ја прифатат „новата реалност“. Според неа, геополитичката средина драстично се сменила, а Северна Кореја веќе не е земја што може да биде уценувана преку лични релации или политички притисоци.

– Личниот однос помеѓу Ким и Трамп не е лош. Но, ако САД мислат дека преку тоа ќе не разоружаат, нивниот обид ќе биде предмет на потсмев – изјави таа.

Ким беше децидна: „Секој обид да се негира статусот на Северна Кореја како нуклеарна држава ќе биде категорично отфрлен.“ Таа оцени дека повторна средба со Трамп е бесмислена доколку САД не се откажат од своите „илузии од минатото“.

Претседателот Трамп, кој во минатото тврдеше дека има „одличен однос“ со Ким, останува отворен за дијалог. Белата куќа повторно изрази подготвеност за нова средба, но и понатаму е посветена на целта за целосно разоружување.

– Претседателот е отворен за комуникација, но нашата цел останува иста, целосна денуклеаризација на Северна Кореја – изјави неименуван функционер од администрацијата.

Првиот историски самит меѓу Ким и Трамп се одржа во Сингапур во 2018 година, кога беше потпишан договор во принцип за создавање зона без нуклеарно оружје. Но, надежите се распаднаа во 2019 година во Ханој, каде разговорите пропаднаа поради несогласувања околу укинување санкции.

Сега, според Пјонгјанг, самитот станал „само надеж за Америка“, надеж што тие повеќе не ја делат.

Share This Article