Топ Вести - Слушај сега
Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. До 08:30 часот се измерени и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Битола, Прилеп и Струмица, 1 во Кавадарци и Велес, како и 2 степена во Гевгелија и во Демир Капија.
Како што информира УХМР, изминатите 24 часа, до 7 часот утрово наврнале 39 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 26 во Пожаране, 25 Охрид, 24 во Крушево, 17 во Тетово, 16 во Претор, 14 во Попова Шапка, 8 во Битола, 7 во Крива Паланка и Прилеп, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Виница, Куманово и Ѓуриште, 4 во Берово, 3 во Гевгелија, Кавадарци, Демир Капија и Тополчани, како и 2 литра на метар квадратен во Радовиш, Пожар, Велес и Штип.
Висината на снежната покривка во Крушево е 14 сантиметри, во Охрид и Ѓуриште е 5, во Тетово и Берово два, а во Прилеп еден сантиметар.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне три степени.
Според прогнозата, локални врнежи од снег ќе има и утре претпладне, кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник. Од почетокот на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок, се очекува период на стабилно и суво време, при што наместа утринската температура ќе се спушти и под минус десет степени.
Tagged as:
Северен ветер ќе донесе студ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
