Топ Вести - Слушај сега
Документите од досиејата на Џефри Епстин повторно ја вознемирија јавноста. Нови материјали, објавени од Министерството за правда на САД, покажаа години континуиран контакт меѓу Наоми Кемпбел и Џефри Епстин – пораки, повици, патувања и покани на елитни настани.
Контактите, според документите, опфатиле период од 2003 до 2016 година, и тоа и пред и по пресудата на Епштајн за сексуални престапи врз малолетник од 2008 година.
Во серија пораки од 2015 година се наведува барање до асистентката на Епстин:
„Ве молам, веднаш јавете се на Наоми. Таа вели дека навистина треба да разговара со вас“.
Во друга порака од истата година стои:
„Сакам да го видам Џефри. Дали оди во Мароко?“
Документите откриваат дека Кемпбел го поканувала Епстин на ексклузивни модни забави, меѓу кои и нејзината раскошна забава за 40-тиот роденден во Кан.
Спомнати се и покани за гала-настани во Париз, како и за хуманитарни модни ревии што самата ги организирала.
Дел од комуникацијата имала и деловен карактер. Во порака од 2005 година, Кембел барала совет во врска со својата линија костими за капење за „Викторијас Сикрет“.
„Здраво, јас сум Наоми. Би сакала да знам кога можам да разговарам со Џефри за мојата линија костими за капење за состанокот Викторијас Сикрет. Имам фотографии и неколку костими за капење со мене“, напишала таа.
Во 2010 година, асистентката на Епстин организирала средба меѓу Кемпбел, нејзиното тогашно момче и малопродажната магнатка Линда Вахнер во домот на финансиерот.
Записите од 2016 година прикажуваат низа барања за користење на приватниот авион на Епштајн.
Во една порака асистентката наведува дека Кемпбел „нема резервен план“ и дека веќе резервирала хотел, автомобил и возач, очекувајќи летот да се реализира.
Во досиејата се споменуваат и други познати личности. Меѓу нив е и Мик Џегер, за кого постојат пораки поврзани со можни вечери и контакти со Епстин. Во документите се појавува и името на Жилејн Максвел, осудена како негова соработничка, која, според записите, испраќала пакети и посредувала во комуникации.
Името на Кемпбел се споменува и во сведоштвата на две наводни жртви на Епстин. Едната тврди дека го запознала на забава во неговата вила во Њујорк каде присуствувала и манекенката. Другата наведува дека Епстин ѝ ветувал работа во „Викторијас Сикрет“, повикувајќи се на познанството со Кемпбел.
Наоми Кембел претходно јавно изјави дека однесувањето на Епстин било „неоправдано“.
– Кога слушнав што направил, бев згрозена до срж. Јас сум со жртвите – изјави таа.
Министерството за правда на САД, сепак, предупреди дека дел од објавените документи може да содржат неточни или фалсификувани материјали и дека нивното објавување не претставува доказ за злоупотреба.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
