Американскиот претседател Доналд Трамп го одложува гласањето за двопартискиот закон со кој би се заостриле санкциите насочени кон енергетскиот сектор на Русија, предупредија двајца високи демократски сенатори, објави „Yahoo News“.
Говорејќи во Киев, по викендот поминат на Минхенска безбедносна конференција, сенаторот Ричард Блументал изјави дека санкциските мерки што ги предложил заедно со сенаторот Линдзи Греам ќе извршат „значителен економски притисок“ врз рускиот претседател Владимир Путин. Во меѓувреме, разговорите меѓу Киев и Москва, посредувани од САД, продолжуваат во Женева оваа недела.
Постојните американски и европски санкции, според него, веќе почнале да го ограничуваат руското производство на нафта, но Блументал смета дека е потребен дополнителен притисок. Тој додаде дека лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Џон Тун, му ветил дека предлог-законот ќе биде ставен на гласање пред крајот на тековната конгресна сесија.
Според Блументал, единствената пречка е Трамп.
– Чекаме зелено светло, а тој толку многу се колеба што секој што го следи добива вртоглавица – изјави сенаторот.
Истовремено, администрацијата постигнува напредок во справувањето со руската „флота во сенка“ – танкери што ги избегнуваат санкциите, изјави сенаторот Шелдон Вајтхаус. Тој додаде дека неодамнешните интервенции на САД во близина на Венецуела покажале дека американската војска е подготвена да заплени дополнителни бродови доколку е потребно.
Tagged as:
Сенатори го обвинуваат претседателот дека го кочи законот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
