СЕМЕЈСТВОТО НА ФРОСИНА СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ДО ПАНДОВ И ДО НЕГОВИОТ ТИМ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Семејството на Фросина Кулакова која загина на пешачки премин на булеварот Партизански одреди пред пет дена, се заблагодари на раководството на затворот во Шутка и на директорот на  Управата за извршување санкции Александар Пандов за брзата реакција откако портал објави фотографија како 20-годишниот возач Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина во притвор има мобилен телефон.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков во име на семејството, преку својот профил на Фејсбук се заблагодари до Пандов поради тоа што, како што напиша, ја враќа довербата дека државата конечно ќе почне да функционира, односно дека функционира, откако синоќа тој со својот тим изврши увид во притворските ќелии каде пронајдоа и одзедоа мобилни телефони од притворениците, меѓу кои и од Јованов.

По жестоката порака од Пандов до јавноста дека „Започнуваме војна против корумпираните службеници во затворите, ќе има најстроги казни и бркање од работа за виновниците“,  Тодор Кулаков напиша:

„Како семејство се чувствуваме должни да изразиме јавно благодарност што ни ја враќаш вербата дека државата конечно ќе почне да функционира, односно дека веќе функционира. Дека злосторниците, убијците ќе го добијат третманот кој им следи, со што ни дава верба дека и судскиот епилог и казните кои ќе ги добијат, ќе бидат адекватни. Уште еднаш огромна благодарност до тебе, до директорот на Шутка и до целиот твој тим – од цело семејство, пријатели и колеги на Фросинче“, напиша нејзиниот татко.

Денеска во 17 часот иницијативата „Кој е следен“ ги повика граѓаните на протестен марш на Партизанска, во близина на Универзална сала поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.

Share This Article