Background

Семејството на Фросина бара да се промени локацијата на маршот

Не ја инструментализирајте смртта на Фросина, порача семејството на Фросина Кулакова, која почина откако ја удри автомобил на Партизанска.

Реакцијата на семејството на починатата млада девојка доаѓа откако на страницата на Хелсиншки комитет за човекови права, но и на други страници на уште неколку здруженија и организации, се најави утрешниот марш по повод Осми март, кој ќе започне во 13 часот пред Универзална сала, каде ќе се оддаде почит на жртвите на системот.

Семејството на младата Фросина го крена гласот против „злоупотребите на трагедијата од страна на Хелсиншкиот комитет“.

- Advertisement -
Ad image

Објавата на семејството на Фросина го пренесуваме интегрално:

„Во време кога треба да се подготвуваме за 40-дневниот помен на нашата Фросина, ние сме принудени да се занимаваме со туѓи агенди. Наместо да ни се овозможи достоинствено да тагуваме, повторно сме сведоци на бездушна манипулација со нејзината погибија.

Зошто овој марш започнува токму од местото каде што нашата Фросина го загуби животот?

Таа не е жртва на родово насилство, туку на хулиганството што со години се негува во Македонија преку неказнивоста и неспроведувањето на законите. Оваа наша борба не е за родова еднаквост, туку за правдата која им беше ускратена на безброј жртви на сообраќајното насилство.

Каде беше Хелсиншкиот комитет да даде изјава за сите други жртви на сообраќајното насилство? Каде беше кога судиите носеа срамни пресуди за убијците во сообраќајот? Каде беше кога Судскиот совет не постапи соодветно во случајот со “тета” Даниела Алексовска Стојановска дозволувајќи и да продолжи со носење срамни пресуди?

Како семејство, сметаме дека е крајно недолично да се маршира со тенџериња и дрвени лажици од местото каде што свирепо беше прегазена Фросина. Овој чин не е почит, туку навреда – кон неа, кон нас, и кон сите жртви на беззаконието. Наместо искрена борба за правда, гледаме само инструментализација на нашата трагедијата.

Затоа, јавно бараме од организаторите на маршот да го променат почетното место и да покажат минимална почит кон нашата болка. Ова не е место за перформанс, туку место на трагедија кое треба да остане ослободено од политички и активистички агенди. Доколку маршот има искрена намера за правда, нека започне на друго место.

Длабоко сме разочарани од несовесноста и целосната непочит – и кон жртвите, и кон нас како семејство. За овој настан дознавме преку социјалните мрежи, па затоа и овде јавно кажуваме: нема да бидеме дел од овој марш и не го поддржуваме.

Почитувајте ја Фросина. Почитувајте ја болката на нешето семејство. Не ја користете нејзината смрт како инструмент за туѓи агенди“, се наведува во објавата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation