Топ Вести - Слушај сега
Двајца мртви мажи се пронајдени утрово во семеен дом во Сукошан, соопшти полицијата од Задар, Хрватска. Татко на 46-годишна возраст го застрелал својот 18-годишен син, кој бил роден со аутизам. Потоа извршил самоубиство.
Полицијата ја примила пријавата околу 8 часот, по што сите служби за итни случаи биле веднаш испратени на местото на настанот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле телата на двајца мажи.
„За да се утврдат сите други релевантни околности и факти за настанот, заменик-окружниот државен обвинител во Задар, кој е задолжен за истрагата, ќе издаде потребни наредби за преземање понатамошни доказни дејствија, како и наредби за обдукции на починатие. Истрагата откри дека 46-годишникот претходно, пред инцидентот во семејната куќа, насилно го отворил плакарот во кој оружјето го чувал член на семејството кој има соодветни дозволи за чување и носење оружје“, соопшти полициската управа на Задар.
Жителката на Сукошан, Мирјана Кецман вели дека ги познавала таткото и синот.
– Тие беа навистина прекрасни луѓе, мислам дека таткото не можеше да се справи со болеста на својот син. Ги познавам и знам дека беа добри како семејство. Утрово слушнавме што се случило и не можам да ви кажам ништо друго, освен дека е многу тешко за сите нас во Сукошан – изјави Кецман за хрватските медиуми.
Мештаните не можат да поверуваат што се случило. Првиот сосед, Младен Расповиќ, вели дека е многу тешко да се зборува за таква трагедија.
– Односите со семејството беа беспрекорни. Многу е тешко да се каже зошто се случило, можам само да изразам сочувство на семејството – рече првиот сосед.
Тој додаде дека неговиот втор син, кој боледува од рак, живее со својата мајка во Канада.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖