Неодамна беше објавено дека Денис Вилнев ќе го режира новиот филм за Џејмс Бонд, а во март „Амазон“ ги презема правата за филмовите. Тие двајца би можеле да бидат клучни за Сидни Свини да ја добие популарната улога.
Сексапилната млада актерка Сидни Свини (27) наводно би можела да стане новата Бонд девојка. Неодамна беше објавено дека новиот филм за популарниот агент 007 ќе го режира Денис Вилнев, познат во последно време по филмот „Дина“ и неговите продолженија, а британските медиуми во последно време „шепотат“ дека новата Бонд девојка ќе биде токму Сидни.
Извор неодамна за британски „Сан“ изјави дека Сидни има големи шанси, а тоа е поради две причини – таа има поддршка од режисерот Вилнев, а е блиска со Џеф Безос и се појави на неговата голема свадба во Венеција. Неговиот „Амазон“ официјално го заврши стекнувањето на филмските права во март.
– Сидни е првото име на листата за улогата во Бонд. Денис верува дека таа е исклучително талентирана, а покрај тоа е привлечна за помладите генерации, што е клучно за модернизацијата на франшизата. Тие често поминувале време заедно и тој се восхитува на нејзиниот неверојатен подем – рекол изворот, пренесува „Дејли мејл“.
Сè уште не е познато кој ќе го замени Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд. За тоа се шпекулира веќе долго време, а најголеми шанси за таа улога, барем според странските медиуми, имаат Арон Тејлор-Џонсон, Џек Лоуден и Тео Џејмс.