Ултра-преработената храна често се наоѓа во нашето мени, со што се зголемува ризикот од предвремена смрт – покажува нова анализа од голем обем спроведена на повеќе од 240.000 луѓе.
„Забележавме зголемен ризик од предвремена смрт кај луѓе на возраст меѓу 30 и 69 години кои консумирале поголеми количини на ултра-преработена храна“, рекол коавторот на студијата, професор Карлос Аугусто Монтеиро од Универзитетот во Сао Паоло во Бразил.
Резултатите покажале дека за секои 10 проценти зголемување на внесот на калории од ултра-преработена храна, ризикот од предвремена смрт се зголемува за речиси 3 проценти. Монтеиро го вовел терминот „ултра-преработена храна“ во 2009 година, заедно со системот NOVA кој ги класифицира прехранбените производи според степенот на обработка.
Што се класифицира како ултра-преработена храна и колкава е штетата во организмот од секој залак од оваа храна, прочитајте на порталот „Арт кујна“.