Background

Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел. Нашата фискална политика се темели на фискална консолидација и забрзан економски раст. Овие цели не се спротивставени, туку се меѓусебно поврзани – рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

- Advertisement -
Ad image

Во обраќањето на панел-дискусијата „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“,  таа рече дека фискалната дисциплина значи намалување на непродуктивните трошоци и насочување на средствата таму каде што ќе создадат најголема додадена вредност. Во таа рамка, додаде, државната помош е инструмент, кој мора да биде внимателно дизајниран, таргетиран и континуирано оценуван.

– Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст. Таа опфаќа разни области и значаен обем на средства. Според податоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата, во 2023 година државната помош изнесувала 206 милиони евра или речиси 1,5% од БДП, а во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52% од БДП. Овие износи ја нагласуваат важноста на овој инструмент, но уште повеќе ја потенцираат потребата од високо ниво на транспарентност и отчетност. Економските показатели покажуваат дека поддршката за инвестиции има позитивни ефекти врз економската активност – рече Димитриеска Кочоска.

Според неа, 5 квартали по ред бележиме стапки на раст од речиси и над 3%, при што во третиот квартал од 2025 година растот достигна 3,8%. Бруто-инвестициите во истиот период пораснаа, како што истакна, за 30,6%, пред сè како резултат на зголемената активност на приватниот сектор.

– Владата, покрај мерките за државна помош, обезбеди 250 милиони евра поволни средства за поддршка на инвестициски проекти на компаниите, како и дополнителни 250 милиони евра за капитални проекти во општините, со што се поттикнува економската активност и се обезбедува порамномерен регионален развој -рече таа.

Панелот, чија цел е да се укаже на значењето на државната помош, го организира Институтот за економски истражувања и политики Finance Think, а присуствуваат претставници на академската и бизнис-заедницата, претставници на институциите од земјите на Западен Балкан, претседатели и членови на комисии за заштита на конкуренцијата, како и претставници на меѓународни партнери.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation