Секој денар од буџетот ќе биде вложен во услови за подобар живот, вели Кузманоска

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во овој период постигната е зголемена наплата на приходите без зголемување на даноците, а фокусот е ставен на развојот и на директната грижа за граѓаните, рече пратеничката Биљана Кузманоска во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува – една година Влада“. Ова е исклучително важен чекор за ние како пратеници да излеземе надвор од собраниските групи и пред јавноста да зборуваме отворено што носат некои одредени политики, додаде таа.

– Зголемената наплата на приходите е резултат на зголемената доверба во институциите и во фискалната дисциплина. Тука можам да го издвојам и развојот, затоа што имаме зголемување на капиталните инвестиции во капитални проекти како што се, патишта, училишта, болници, до енергетиката. И во многу други сегменти коишто се многу битни во нашето општествено живеење. Најклучна ни е грижата на граѓаните, тоа се покажува во ребалансот со зголемување на платите, зголемување на пензиите, со инвестирање во младите. Апсолутно во секој сегмент кој што ни е битен во нашето живеење во нашата држава – рече Кузманоска.

Според Кузманоска, овој ребаланс е резултат на паметно управување. Во првите 5 месеци се надминати проекциите на приходите.

– Ова е ребаланс како резултат на добра наплата и на паметно управување. Ребалансот не е политички, ова е човечки ребаланс каде што секој денар значи олеснување за секого, значи нов пат до село, ново училиште, нова градинка. Едноставно една нова можност за да се подобри начинот на живеење овде во нашата земја – кажа Кузманоска.

Share This Article