Бројот на деца со респираторни инфекции во Детската болница „Козле“ продолжува да расте, а состојбата предизвикува загриженост меѓу родителите и здравствените работници.
Според информациите на ТВ 24, во моментов се хоспитализирани 60 деца, а дневно се вршат околу 100 прегледи поради симптоми како висока температура и отежнато дишење.
Институтот за јавно здравје во последниот извештај евидентирал 117 нови случаи на грип и слични заболувања за само една недела, при што најголем број заболени има во Гостивар, Куманово и Тетово.
Лекарите предупредуваат дека загадениот воздух дополнително ја влошува состојбата на децата, особено кај оние со астма и алергии. На родителите им се препорачува најмладите редовно да ја примаат терапијата ординирана од матичните лекари.



























