Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на пријавени кандидати на огласот на Собранието за новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК). Од пријавените кандидати, шест се од актуелниот состав – Борис Кондарко, Абдуш Демири, Александар Даштевски, Дитмире Шеху, Светлана Карапетрова и Ангелчо Ристов.
Според утврдената листа, пријавени се 16 кандидати, од нив седум за претседател на Државната изборна комисија, кои во своите кандидатури навеле и можност за избор за потпретседател или само член на ДИК.
По објавениот оглас Абдуш Демири, дипломиран економист и магистер по економски науки, финансии од село Непроштено Теарце, се пријавува за потпретседател, Бојан Маричиќ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии од Скопје, се пријавува за претседател или член, Александар Даштевски, дипломиран правник од Скопје, се пријавува за член, Ангелчо Ристов, дипломиран правник и магистер по административно право и јавна администрација од Делчево, се пријавува за член, Викторија Аврамовска Мадиќ, дипломиран правник и магистер по правни науки од Скопје, се пријавува за претседател.
На листата на кандидати е и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чајле Гостивар кој се пријавува за претседател, за потпретседател или член, Светлана Карапетрова – дипломиран економист и магистер по економија, финасии, сметководство и ревизија од Тетово, се пријавува за член, актуелниот претседател на ДИК Борис Кондарко кој е дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавува за член, Марија Митановска Димовска – дипломиран правник од Скопје, се пријавува за член, Дитмире Шеху – дипломиран правник од Гостивар, која е дел од постојниот состав на ДИК, се пријавува за член, Даниела Маркоска – дипломиран правник од Скопје се пријавува за претседател, Елита Шуки – дипломиран правник со положен правосуден и нотарски испит од Скопје се пријавува за претседател, за потпретседател и член, потоа Добре Јанчев – дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавува за претседател и за член, Бети Ѓорѓиеска – дипломиран инженер по електротехника од Скопје, се пријавува за член, Ивана Костадиноска – дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, се пријавува за член и Благоја Гешоски – дипломиран дефектолог, доктор на дефектолошки науки од Прилеп, се пријавува за претседател, за потпретседател и член.
Утврдената листа на кандидати за претседател, потпретседател или член на Државната изборна комисија, ќе биде доставена до претседателот на Парламентот.
На денешната седница, Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги прифати барањата за остварување право на плата на Селим Адеми и Весна Дамева по престанок на функцијата член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, како и барањето на Ментор Јакупи за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
