Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека во акција на подрачјето на општините Липково, Куманово и Желино се приведени седум лица, додека едно лице сè уште не е достапно на органите на прогонот. Сите приведени се изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд во Скопје.
Од Управата информираат дека акцијата е резултат на двегодишна предистражна постапка, која се водела под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
„Се работи за сложена предистрага која опфаќа повеќе правни и физички лица. Целта е целосно разоткривање на криминална група која дејствувала подолг временски период и извршувала кривични дела ‘Злосторничко здружување’, ‘Даночно затајување’, ‘Даночна измама’ и ‘Перење пари и други приноси од казниво дело’“, велат од Управата за финансиска полиција.
Според нивните информации, групата се сомничи дека противправно се стекнала со имотна корист од над 430 милиони денари, со што била предизвикана огромна штета врз државниот буџет.
„Оваа акција е дел од континуираната борба против организираниот криминал и даночните измами. Ќе продолжиме решително да работиме на откривање и санкционирање на сите кои на незаконски начин ја оштетуваат државата“, порачуваат од Финансиската полиција.
Во акцијата учествуваа и специјалците од САЕ „Тигар“, кои асистираа при приведувањето на осомничените.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
