Background

Се закани со тужба против „Волстрит џурнал“ поради објава за негово наводно писмо со потпис „Доналд“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот негираше дека му испратил писмо на Џефри Епштајн пред повеќе од 20 години, за кое се тврди дека содржи цртеж на гола жена и со потпис „Доналд“, објави Ен-Би-Си њуз.

Неговиот демант дојде како реакција на статија на „Волстрит журнал“, во која се вели дека Трамп бил меѓу десетици познаници на Епштајн кои неговата тогашна блиска соработничка Гилејн Максвел ги замолила да придонесат со писма за роденденски албум што му го подготвувала.

Според документите што ги прегледал весникот, писмото на Трамп содржело неколку машински напишани реченици, врамени со рачно нацртан облик на гола жена. Контурите, според весникот, вклучувале детали за градите, а потписот на Трамп бил нацртан преку половината на жената, така што визуелно наликувал на пубична коса.

- Advertisement -
Ad image

Ен-Би-Си њуз истакна дека самостојно не го верификувал, ниту, пак, го видел писмото.

Во телефонско интервју за Волстрит журнал, Трамп негирал дека го напишал писмото или дека го нацртал цртежот. Претседателот изјавил дека извештајот е „лажен“ и се закани дека ќе го тужи весникот доколку го објави.

– Никогаш во животот не сум нацртал слика. Не цртам жени. Тоа не е мој речник. Тоа не се мои зборови – изјавил Трамп.

Подоцна, Трамп потврди дека планира да поднесе тужба против Волстрит журнал, неговата матична компанија „Њуз корп“ и против сопственикот на медиумот, Руперт Мердок, за, како што вели, клеветничка сторија.

„Волстрит журнал и Руперт Мердок лично беа предупредени од претседателот Доналд Џ. Трамп дека наводното писмо, за кое објавија, е фалсификат и дека, ако го објават, ќе бидат тужени. Мердок рече дека ќе се погрижи за тоа, но, очигледно, не можел,“ напиша Трамп на неговата социјална мрежа Трут сошал..

Издавачот на Волстрит журнал, До Џонс, одби да коментира на објавите на Трамп на социјалните мрежи.

Потпретседателот Џ. Д. Венс ја нарече сторијата на весникот „целосна и апсолутна глупост“ на платформата Икс и ја доведе во прашање веродостојноста на писмото што се тврди дека Трамп го напишал.

„Каде е тоа писмо? Би ве изненадило ако ви кажам дека никогаш не ни го покажаа пред да го објават текстот? Дали некој навистина верува дека ова звучи како Доналд Трамп?“ напиша Венс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation